„Гевгелија е град на културата за 2025 година – честитки до сите вас што го правите овој град жив, динамичен и културно богат“, рече министерот Љутков поздравувајќи го присутните на свеченото отворање на манифестацијата.
Во црквата ќе биде изложена за поклонение верната изобразба на чудотворната икона на Пресвета Богородица Гликофилуса (Слаткољубива, или Умиление), што се чува во светогорскиот манастир Филотеј, а која во Бигорскиит манастир пристигна деновиве.
СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Денешни гости во претседателскиот Кабинет беа учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром и децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода.
Реконструкцијата на стариот дел од Интерното одделение била неопходна, бидејќи според Бесник Зеќири директорот на болницата, во тој дел не интервенирано речиси половина век.
Полицијата вчера во Скопје од слобода ги лишила скопјаните З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.
Претседателот на Работната група за утврдување на имињата на улиците Арџенд Велију соопшти дека од предлозите доставени во електронска и писмена верзија, како и од тие од првата јавна дебата, до сега се пристигнати над 900 предлози кон кои ќе се додадат и денешните.
Со изложба и концерт вечерва во Белград ќе биде отворен за посетители Македонски културно-информативен центар, јави дописникот на МИА од Белград.
Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје при работа од тој регион, на 4. овој месец извршил вонреден инспециски надзор во објектот.
Како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, Анакиев во рамки на посетата во Белград дискутирал за мерките кои се преземаат за олеснување на процедурата за извоз на млад компир од Република Македонија во Република Србија.