Ние како локална самоуправа би ги овозможиле сите услови за да дојдат компаниите и отворат нови работни места тука за граѓаните, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев во гостување во емисијата „Добро утро, секое утро“ на телевизија Алфа
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возач
Расчистен е регионалниот пат Општина Ранковце – село Герман, по четири дена непристапност и немање сообраќајна комуникација со општината
Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од населба Ѓорче Петров 2, односно Дексион, како и улица „Индира Ганди“, дел од улица „Македонско Косовска Бригада“ и дел од Визбегово, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“
На 06.02.2022 околу 20.00 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Љ.(46) од Скопје
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
На 06.02.2022 околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 39 возачи
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 18 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот