Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Кочанските титовисти, членови на здружението „Јосип Броз – Тито" по деветти пат го одбележаа 25 мај – Денот на младоста и роденденот на маршалот на некогашната заедничка држава, кој е нивен патрон.
Иако како клуб се нови во овој спорт, сепак, како што информираше претседателот на ПК „Берово“ Јован Ковачовски, пингпонгарите доста солидно ја претставуваат општината во досегашните натревари.
– Околу стотина теренски возила и мотоцикли и годинава учествуваа на спортското рели со крајна цел Царев врв на Осоговските планини.
На вечерата е најавено присуството на претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп и на турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал Кара.
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е синоќа во околината на Пехчево и Берово.
Министерството за внатрешни работи денеска во Дебар ќе презентира дел од опремата, а единиците на МВР ќе изведат неколку тактичко показни вежби во рамките на активностите по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција.
Со акција за чистење смет во близина на хотелот „Попова Шапка“, трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите“, натпревар за брзо местење шатори и изложба денеска на Попова Шапка ќе почнат активностите за традиционалното искачување на Титов Врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.
Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во Општина Пустец, Албанија.
Најстарата штипска културна манифестација Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе ја отвори оперскиот анасамбал од Осијек, Република Хрватска. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, кој ја презентираше прогарамата на 34-то по ред ШКЛ вели дека годинава на програмата ќе имаат 17 содржини, а манифестацијата ќе се одржи од 29 јуни до 30 јули.