Агенцијата за млади и спорт ги почнува првите консултации со младите за предлог-текстот на законот за младинско учество и младински политики.
Првите икони кои се пронајдени на Виничкото Кале, датираат од 1978 година, по што започнале и истражувањата, изјави Благица Стојанова виш кустос во Музејот.
Градоначалничката Теута Арифи им додели признинија на Мирјана Матовска, Љубинка Ивановска, Коца Рафајловска, Богдан Младеновски, Томислав Тимосиевски, Мирко Станојевиќ, Драшко Илиевски, Борис Стојановски и на Ѓорѓи Јефтоски.
Учеството на големата трка од 60 километри го имаат потврдено 57 натпреварувачи, а 94 натпреварувачи ќе се појават на стартот од малата трка на 35 километри. Стартот на големата трка е од Свети Наум во осум часот, а малата ќе започне два часа подоцна од автокампот „Елешец". Финишот на двете трки е на Кејот Македонија во Охрид.
Од 14:30 часот попладне е пуштен за сообраќај патниот правец Кичево-Охрид кај село Другово што беше во прекин поради сообраќајка, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Втората од серијата јавни дискусии за нацрт текст на „Националната стратегија за равој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ се одржа денеска во Битола.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело обид за убиство за настанот на 24 февруари годинава во гостилница во скопската населба Хиподром.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 милиметри.
Инвеститорот има слаб интерес за изградба на неопходните филтри за работа на Југохром од Јегуновце, а комбинатот може да работи само доколку се изградат филтрите, оцени денеска премиерот Зоран Заев.
Пронајдена е неексплодирана граната калибар 75 мм, непозната марка, при обработка на нива во атарот на Берово.