Под мотото „Музеите како културни средишта, иднината на традицијата“ денеска во Куманово музеите од државата го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите, 18 мај
Основци и средношколци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска учествуваа на натпреварот „Детски семафор“ кој годинава го организира Отсекот за превенција од СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата
Со Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти во Охрид за четвртата средба, напиша на Твитер, заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците и објави заедничка фотографија
Една од најуспешните генерации на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“-Штип денеска славеше 50 години матура
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Струмица со перформанс на жртви на трговија со луѓе денеска на струмичките матуранти, кои танцуваа квадрил на плоштадот во Струмица, им упати порака за последиците од најбрзо растечката форма на меѓународен криминал
Од 9 часот утре без вода ќе останат корисниците од високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче.
На плоштадот „Македонија“ околу 1.000 матуранти учествуваа на традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, каде го одиграа квадрилот.
Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето патување во Фантазија“.
Жител на тетовското село Доброште се обидел да прегази полициски службеници кои го затекнале на земјен пат во шумскиот предел кога се обиделе да го запрат за извршување контрола, соопшти СВР Тетово. Полицајците се тргнале настрана и испукале предупредувачки куршуми.
Како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019.