Најмладите љубители на безвременските приказни во кои сѐ е можно, но и возрaсните кои веруваат во моќта на имагинацијата, отсега имаат нови приказни, по една за секоја недела. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“
Започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец од Делчево до Пехчево во должина од 10 километри. Како што информираше градоначалникот на општина Пехчево, Драги Тренчовски, во моментот се работи на реконструкцијата на потегот од селото Панчарево до село Црник
Општина Тетово соопшти дека е оформен кризен штаб откако метереолозите најавија можности за невреме поради циклонот „Андреа“ како и дека се преземени превентивни мерки со цел да се делува превентивно
Стадо овци на тревникот од игралиштето на стариот градски стадион во Тетово и заклучена врата е причината денес тренинг да не одржуваат фудбалерите на ФК Љуботен
Општинскиот штаб за заштита и спасување на Струмица ја разгледа состојбата со браните „Турија“, „Водоча“ и „Маркова река“, состојбата на реките, пороите, каналите за одводнување и атмосферската канализација во урбаните делови на градот и населените места во општината пред најавите за обилни врнежи од дожд во наредните денови
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, неколку години по ред е поддржувач на Меѓународната конференција за човечки ресурси, која оваа година ќе се оддржи на 20-ти мај 2019 година во хотелот DoubleTree by Hilton, Скопје
Во пресрет на бурата „Андреа“ која се очекува да го зафати и скопскиот регион, Општина Карпош презема активности за да се спречат поголеми материјални штети
По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд, Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети
46 млади и иновативни претприемачи од дванаесет земји од Источна Европа и Балканот од денеска ќе земат учество на тренингот за наука и технологија преку GIST (Global Innovation through Science and Technology) програмата во Скопје, во организација на Американскиот Стејт департмент во соработка со VentureWell и локалниот партнер Startup Macedonia
Шестиот Скопски цветен фестивал - под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило кој ќе се одржи на 18 и 19 мај 2019 година (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „Скопје цвета“