Облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, ќе биде времето во наредните денови
СВР Куманово до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 13 лица лица од Куманово и Скопје, и едно лице од село Режановце кумановско, како и против четири фирми, од кои две од Скопје и две од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од 2011 до 2017 година
За четири дена, во среда, на 15 мај, ќе биде пуштен во сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција кај Грделичка клисура
„Со хумор и мудрост кон човечност“ е насловена збирката од пензионираниот наставник Ѓорѓи Лазов, која синоќа беше промовирана во Кавадарци
Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот
Стариот дел од Тетово – населбите Колтук, Два Бреста, Певчина и Поток е маргинализиран од општинските власти во поглед на инфраструктурно подобрување на квалитетот на живот, револтирани се тамошните жители. Најголеми проблеми се оштетените улици и реткото собирање на комуналниот смет
Општинската организација на Црвениот Крст Куманово во рамки на неделата на Црвениот Крст и Црвената полумесечина ќе подели прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани од општините Старо Нагоричане и Липково
Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2019 што претставува и годишен концерт на друштвото
Осумдесет лица со интелектуална попреченост, членови на локалното здружение „Порака“ од Виница, добија нови простории за дружење и социјализација, како дел од проектот за отворање Социјален сервисен клуб
Град Скопје ги потсетува граѓаните дека може да се пријавуваат на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда или институција, најубав состав на тема екологија и најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта