Дуото Ноел-Ан Дарбеле (виолина, глас) и Рене Камакаро (виолончело) вечер ќе одржи концерт во Даут-пашиниот амам, во рамки на 42. Денови на македонска музика
Во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево со почеток од 10 часот утре и задутре ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Кичево“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“
Околу еден милион денари е вкупно проценетата штета што во првите три месеци годинава е предизвикана со бесправното сечење и од шумските пожари во кочанскиот планински регион.
Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, ќе се случи вечерва.
Температурите што во изминатите два дена се движеа под нулата не ги измрзнаа овошните насади во Пијанец. Причината за ова, како што вели агрономот Неџбедин Мемедов е недоволната расцветаност, што ги спаси цветовите на овошките од оштетување.
Шест улици во периферниот дел на Општина Шуто Оризари се поплочени со донации од приватни фирми. Поставената патна инфраструктура создава можност и за идната атмосферска канализација за што општината веќе поднела апликација за добивање финансии од државата.
Би сакале да ги поканиме сите граѓани на градот Скопје да ни се придружат во оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек субвенционирањето за чистење на оџаците на нивните објекти и дека може да надоместат дел од трошоците направени за негово чистење. На јавниот повик на Градот Скопје што важи од 01.01.2019 година и е во тек, досега се пријавиле 119 граѓани.
Михаил Трендафилов Нанче последното обраќање до гласачите пред предизборниот молк го искористи за да укаже на прашањето за кое што истакна дека го мотивирало да се кандидира за градоначалник на Охрид, а кое, според него, било одбегнувано за време на соочувањата на кандидатите.
Основното јавно обвинителство во Велес до Велешкиот суд поднесе обвинителен акт против 40-годишен жител на Гевгелија за кривични дела „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“ и „разбојништво“.