Книгата „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска вечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар
Германскиот сценограф Јан Папелбаум вечер од 19 часот во Музејот на современа уметност ќе одржи предавање „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, што е дел од програмата „Преведување визуелна драматургија 2019“ на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт
Во текот на денот тетовската полиција уапсила четворица жители на градот кои изминатата ноќ учествувале во тепачка во која бил употребен и нож, при што со повреди се здобиле три лица кои побарале лекарска помош во клиничката болница.
Македонските производители на компир ќе добијат безвирусен посадочен материјал за семенски и органски компир што сега го купуваат од странство, оваа помош ќе им се обезбеди преку заедничкиот проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство и експерите од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.
Продолжуваат инфо сесиите со пензионерите од Општина Карпош, во врска со проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Денеска, градоначалникот Стефан Богоев се сретна со пензионерите од Козле, пред кои говореше за поволностите кои ги нуди картичката, со која се овозможуваат голем број на попусти и бенефиции низ локалите во Карпош.
Охрид мора да биде убав. Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација.
Поради најавените настани во организација на политички партии утре и задутре (13 и 14.04.) Одделението на безбедност на сообраќајот при СВР-Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници кои ќе бидат опфатени со настаните.
Полициски службеници, врз основа на судска наредба, на 10 април извршиле претрес во домот на Г.А.(55) од село Стојаково, Општина Богданци, и кај него биле пронајдени марихуана, семки од марихуана и катран.
Во Валандово се одржа обука на тема „Менаџирање на однесување на своето дете“ наменета за родители на лицата со посебни потреби, штитеници на Дневниот центар од Валандово.
При претрес на домот на четириесет и четиригодишен жител на гостиварското село Чегране, полицијата открила три кеси со марихуна.