За десет месеци во Струмичко се регистрирани ококу 450 кражби, а пленот на крадците вреди над дваесет милиони денари, соопшти СВР Струмица.
На работ на егзистенција сме, загрозени, се бориме за опстанок, вака одгледувачите на овци кои дојдоа на мирен протест пред Министерството за земјоделство ја опишаа ситуацијата во која се наоѓаат.
Времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа и услови за замрзнат дожд особено во северозападниот дел од земјава. По котлините ќе има услови за појава на слаба магла.
Штипските институции од областа на културата денеска со повеќе активности ја одбележаа 94–годишнината од раѓањето на поетот, академик и револуционер Ацо Шопов.
Според Илија Тотески, секретар на тутунското здружение „Братство" од Крушево и член на финансиската комисија на Сојузот, членките не го сакаат Неделковкси за претседател, на повеќе наврти го менувале, но оти Централниот регистар не сакал да на направи промената.
Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.
Локалната самоуправа на Виница ги зголемува ставките во буџетот наменети за поддршка во работењето на спортските екипи и на граѓанските здруженија во 2019 година. Вкупната сума за оваа намена изнесува 3,2 милиони денари, што е за скоро една четвртина повеќе во однос на претходниот период.
Дизајнирани предмети инспирирани од орнаментите во словенските ракописи од 13. до 17 век, кои се дел од археографската збирка на НУБ „Св. Климент Охридски“, се претставени на изложбата „Промоција на културното наследство на иновативен начин“.
Во концертната сала „ Гранд Пера“ во Истамбул, брилијантен настап, како што пишуваат турските медиуми, имаше славниот пијанист Хусеин Сермет. Концерт мајстор на Босфорскиот филхармониски оркестар , беше охриѓанката Севил Селман, виолинистка со видлив подем на меѓународната музичка сцена .
„Утеха за голите“ е насловена новата книга на Давор Стојановски, кој во 2016 ја доби наградата „Роман на годината“ за „Собирачи на пепел“.