На градскиот плоштад, улиците и пред двата универзитета во Тетово – Државниот тетовски универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа, втор ден протестираат студенти.
Градот Скопје и Хокеј Федерацијa од утре овозможуваат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе" во рамките на новогодишната населба Винтерленд на плоштад „Македонија".
Жителите на кумановското село Режановце бараат од локалната власт да им помогне во изградба на секундарна канализациска мрежа. Во селото преку проектот на ЕУ и општина Куманово поставен е главниот вод и еден крак, но жителите, велат дека самите мораат да плаќаат за изградба на дополнителните краци и приклучоци.
Во рамки на борбата со прекуграничен криминал, грчката полиција запленила 33 килограми канабис, во два одвоени случаи во Солун и Кукуш и уапсила три лица, кои според грчките медиуми, се македонски државјани, а дрогата ја внеле и ја пренесувале во Грција.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска имаше средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео.
Куманово е една од 12-те општини во Македонија кои подготвија локални акциски планови за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и ќе користат финансиска поддршка од Владата за реализација на конкретните проекти.
Три момчиња од кои две 13-годишни и едно деветгодишно украле возило „пежо“ од паркинг просторот кај Транспортниот центар во Скопје по што движејќи се утринава околу три часот по полноќ по булеварот „Илинден“ изгубиле контрола над возилото по што тоа се превртило во канал каде се изведувале градежни работи.
Министерството за внатрешни работи информира дека утре од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија.
Попладнево во 15:20 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик.