Изутрината во 1:45 часот на автопатот кај Лесковац се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа тројца македонски државјани – маж и две жени, а 32 се повредени.
По повод прераната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство и до Општина Охрид, постојано пристигнуваат телеграми со сочувство, од државниот врв, политичките партии, од академскта заедница и меѓународните претставници во Република Македонија и бројни граѓани и пријатели.
Нормализиран е сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
„Еуромакс Рисорсис“ и овој месец организираше јавна дебата за жителите од општините во Струмичкиот регион за да ги запознае со сите мерки за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука, како и со економскиот развој што ќе го донесе проектот, соопштија денеска од оваа компанија.
Лизгалиште „ЕУ за тебе“ денеска беше отворено на градскиот плоштад „Македонија“ во рамки на новогодишната населба „Винтерленд“. На отворањето присуствуваа скопскиот градоначалник Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Првпат оваа година Делегацијата на Европската унија учествува во новогодишната програма на Град Скопје.
Од 14 часот денеска е укината забраната за тешки товарни возила на патнит правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Група на ентузијасти кои се љубители на пишаниот збор од Македонска Каменица организираа вечер на која меѓу себе разговараа за содржината на книгите кои ги имаат во своите домашни библиотеки. Покрај тоа, си разменија литература од различни жанрови, како дел од првата размена на книги во Македонска Каменица.
Куратори од Македонија и Грција, 55 години по скопскиот земјотрес, на изложбата „Иднината како проект/ Доксијадис во Скопје“, која утревечер ќе биде свечено отворена во музејот „Бенаки“ во Атина, првпат ќе го презентираат придонесот на грчкиот архитект Константинос Доксијадис во изградбата на Скопје по земјотресот, јави дописничката на МИА од Атина.
Снегот кој интензивно паѓа во Крива Паланка од девет часот утрово на местата на надморска височина од над 1.000 метри формираше снежна покривка од десетина сантиметри.
Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег, соопшти општина Центар.