Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот во Скопје. Во четири била причинета материјална штета.
Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Едно лице загина кога воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје утрово во 5.50 часот.
Повеќе од 500 килограми марихуана, спакувана во 181-но пакување, со различна големина и тежина, се запленети на Граничниот премин „Богородица“.
Поради голем одрон на карпа, од 21 часот вечерва прекинат е сообраќајот на магистралниот пат А3 Македонска Каменица – Делчево кај местото Илиово.
Стрип-авторката Катерина Николовска-Тери од Скопје и сценаристот Александар Стеванов од Штип в петок ќе ја добијат втората награда за стрипот „Мачорот кој сакаше да стане крал на светот“ на Меѓународниот стрип-фестивал кој вторпат се одржува во Ваљево, Србија.
Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) го продолжува проектот за унапредување на здравјето на жените Ромки, кој е продолжение на десетгодишната работа е и се реализира под мотото „Моето здравје е мое право“.
Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги поправи клупите во Соколанскиот парк кои неодамна беа уништени од несовесни граѓани.
Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници општина Велес ја украси главната новогодишна елка во Младинскиот парк, постави уште три светлечки елки на три локации во градот, а со светлечка завеса е осветлена и Саат кулата што е симбол на Велес.