Злетовецот Д.А.(32) синоќа починал откако голтнал непозната прашкаста материја што се наоѓала во најлонска фолија. Веднаш била повикана екипа на итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде починал околу 22 часот.
Конфередерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15. Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.
Премиерот Зоран Заев денеска испрати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
Одрони го попречуваат движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот од село Илиово до село Луковица каде дел од нив ги пробиле заштитните мрежи и го отежнуваат движењето на сообраќајот во тој дел од патниот правец А3 кој води од Делчево до Македонска Каменица.
Локалната самоуправа на Кочани објави оглас за продажба на 13 парцели во државна сопственост, наменети за изградба на објекти за индивидуално и колективно домување, како и за викендички на Пониква.
Активностите во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје почнуваат денеска со со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.
Здружението „Срце за животните" од Кавадарци изготви предлог програма за решавање на проблемот со бездомните животни и ја испрати до кавадаречкиот градоначалник , информира претседателот Виолета Николова.
Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48 годишна возраст.
Во ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Брутална вистина или Баханалии“ трета по ред од академскиот ликовен уметник Трајче Чатмов, велешанец кој живее и работи во Домот на АРМ во Скопје.