Со концерт на камерниот хор „Света Злата Мегленска“ на 16 октомври во Музејот на Град Скопје ќе биде отворено 11-то издани на фестивалот „Златна лира“, во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија.
В.С., како што е наведено во полицискиот билтен, бил на лов на Зајчев рид и околу 7:40 часот, додека се движел кон местото познато како Бардовечко брдо, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди.
Лозари денеска протестираат пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата.
ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје информира дека денеска и во наредините денови ќе се сечат седум самоникнати и суви дрвја на градежна парцела на ул.„Елисие Поповски“ бр.37 во општина Центар.
Вкупно 11 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една од нив, потешко било повредено едно лице, во четири со полесни повреди се здобиле пет лица, а шест сообраќајки поминале само со материјална штета.
Најмасовната акција за донирање на храна - “Нахрани 1000”, по повод на одбележување на светскиот ден за борба против гладта - 17 октомври ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Од МВР известија дека на 12.10.2017 година (четврток) во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот на 14.10.2017 година (сабота) во двата правци ќе биде пренасочен сообраќајот на булеварот ,,Илинден,,
По земјотресот во 1963 година, т.н проект „Скопје 2014“ е втората катастрофа што го зафати Скопје. Оваа катастрофа, настаната не од природни, туку од квазиградителски, квазикултурни причини.
Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“.
Мите Јовановски, сопственик на бензинските пумпи „Макоил“ е приведен утринава од полицијата затоа што се спротивставил на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче, дознава Плусинфо.