Триесет и тригодишниот скопјанец В.С. завчера бил примен во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреди од огнено оружје на десната страна на лицето, десното колено и десната рака, што вчера било пријавено во полиција.
В.С., како што е наведено во полицискиот билтен, бил на лов на Зајчев рид и околу 7:40 часот, додека се движел кон местото познато како Бардовечко брдо, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди.
Врз повредниот В.С. била извршена хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.