Општина Ресен и Триатлон Федерација на Македонија утре (24 јуни) по втор пат ќе организираат спринт триатлон во 11 категории.
Во неколку организирани акции реализирани од почетокот на годинава охридската полиција пронашла и запленила вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана, а притоа се поднесени кривични пријави против пет лица.
Во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“ денеска е објавен оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање.
Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов е победник на 41-то издание на фестивалот „Денови на сатира” во Загреб.
Со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, синоќа почна годинешново Скопско лето, меѓународната културна манифестација.
Собранието ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, што ќе биде вовед во дебатата за актуелните состојби во лектирата како еден од најважните и изразито чувствителни сегменти во образованието на новите генерации.
Со музичко-сценски колаж насловен „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола вечер ќе биде отворен 5. Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 1 јули.
Референдум во Дојран ќе има на 23 јули кога жителите ќе се изјаснуваат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината, одлучи синоќа општинскиот Совет.
Група млади активисти и волонтери од различна етничка припадност го исчистија Градскиот парк во Скопје од отпадоци.
Македонскиот народен театар (МНТ) утре со изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“ организира хуманитарна акција за лекување на две млади лица.