Општина Ресен и Триатлон Федерација на Македонија утре (24 јуни) по втор пат ќе организираат спринт триатлон во 11 категории.

– Среќни сме што имаме голема поддршка и помош од Градоначалникот Ѓоко Стрезовски од Општина Ресен, Македонски Олимписки Комитет, Агенција за млади и спорт, „Пелистерка“ и локалните спортски здруженија. Отешево е прекрасен предел за организација на триатлон натпревари и сите услови се исполнети. Посакуваме публика и медиуми како јавноста би видела дека триатлонот како Олимписки спорт е вистински предизвик за најсилните, соопштија организаторите.

Спринт дистанцата се состои од 750 метри пливање, 20километри велосипедизам и 5 километри трчање. Мерењето на време ќе биде електронско.

Се очекува на триатлонот учество да земат преку 60 натпреварувачи од Македонија, САД и Србија.

Натпреварот ќе започне во 10 часот во Отешево во одморалиштето „Лејк Вју“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2017 18:49