Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С.
Пред Врховниот суд во Скопје денеска се урива постаментот на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Јанев-Ќосето, а кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито.
Со повеќе настани денеска и утре во Скопје, Битола и Штип ќе биде одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна.
Ќерката на бранителот Предраг Петрушевски – Бинго на социјалната мрежа „Фејсбук“ бара помош да се најде татко ѝ. Таа сподели информација дека Предраг исчезнал вчера. Последен пат бил виден во 9.15 часот по што му се губи секаква трага.
Попладнево изби пожар во зградата што ја гради компанијата „Настел“ во скопската населба Тафталиџе, во близина на поранешна Алумина.
Како што информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, во незгодата бил повреден возачот на ТМВ „Ивеко“, 37 годишниот Б.Т. од Куманово.
Спортско риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица денеска изврши порибување на езерото Калиманци со 600 кг риба - крап. Рибите се набавени од Репроцентарот „Пелагонија“ од Жабени, Битола.
Девет членови на три генерации еврејско семејство, разделено на три континенти се вратија крај родното огниште. Битола откри уште една трогателна приказна од Холокаустот. Средбата организирана од Македонско- германската иницијатива за помирување...
Црвениот Крст на Македонија - ОО Кисела Вода ги поканува граѓаните да ја покажат својата хуманост преку гостувањe на овоj хуманитарен концерт организиран од страна на волонтерите во Црвениот Крст со цел да му се помогне на семејството Христови.
Концептот „паметен град“ и како тој може да ги подобри условите за живеење во урбаните центри преку комбинирање на економскиот и оджливиот развој на животната средина, беше тема на првата национална конференција за паметни градови во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје.