Дислоцирањето на отпадот ќе го врши фирмата „Голец Транс“, која, како што соопштија денеска од Владата, е избрана на тендер, кој завршил во петокот, минатата недела.
Вкупно 31,345 килограми марихуана се откриени и запленети при претрес на барака во близина на автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, во акција на Одделот за криминалистичка полиција при МВР заедно со СВР Охрид.
Иницијативата е на шефот Марк де Јонг и има за цел едукација и развој на туризмот во Македонија преку конзумирање на деликатеси од светската кујна подготвени во Македонија.
На деветгодишното дете кое беше повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје, на Клиниката за детска хирургија му е извршена хируршка интервенција на раката, а не ампутација, информираа од таа јавна здравствена установа.
Едно лице им подлегна на повредите, а 28 се хоспитализирани поради тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Велес-Скопје, информираат од Министерство за здравство.
Референдумот за рудникот Казандол во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде успешен, информираа од иницијативата „Спас за Валандово“.
Најмалку 27 лица се повредени, од кои двајца потешко вечерва откако автобус со патници излета од коловозт на автопатот Велес-Скопје. Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.
Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозт на автопатот Скопје - Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се околу 20 лица.
Скршено е прозорско стакло на зградата на Владата од страна на непознат напаѓач, информира денеска полицијата.
Жителите на Дебар Маало во Скопје, утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари за пешаци пред Министерство за култура, во 18 часот.