Синдикатот на културата на Република Македонија бара од Министерството за култура итен почеток на процесот на изготвување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикатите и носителите на дејностите во културата.
Според информациите на овој медиум детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.
Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.
На тркалезната маса насловена како „Значењето на практичната работа во процесот на вработување“ присуствуваа млади, професори, претставници од граѓански организации, медиуми, претставници од Агенцијата за вработување и од локалната власт.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од пратениците.
Пред претставници на Владата, Собранието, локалната управа, бизнисот, академската заедница и другите општествени сегменти во Македонија, членовите на Бордот на директори на Централ Азија Металс (Central Asia Metals, AIM: CALM), новиот сопственик на рудникот САСА ја претставија својата визија за идниот одржлив развој на најголемиот рударски комплекс во земјата.
Овластен градежен инспектор од општина Центар, по укажување на граѓаните дека поради законски недозволен широк ископ на земја во брдо е доведена во опасност стабилноста и безбедноста на жителите од куќите над Клинички центар, излезе на терен.
Тогаш Т.Н.(30) била нападната и касната од куче за десната нога. Во исто време и О.В.(30) пријавила дека на истата улица била касната од куче за левата нога.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (56) поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Охрид, како и против 48-годишната М.М., претседател на Управниот одбор на истата установа.
На глобално ниво 35 проценти од жените или 818 милиони жени над 15 години доживеале сексуално или физичко насилство дома, во нивните заедници или на работното место, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.