Источниот и Североисточниот регион први почнуваат со имплементација на студиите за интегрирано управување со отпад.
Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон денеска организира тркалезна маса по повод Европскиот ден на органодарителство, кој се одбележува под мотото „Дарувај орган – подари живот“.
Фекални бактерии во храната е причина за труењето на 21 работник на фирмата „Актива“ во Штип, покажаа анализите на штипскиот Центар за јавно здравје.
Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.
Вработените од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ од изутрината протестирааат на влезот на Прилеп кај бензиската пумпа на „Лукоил“.
Со мало доцнење поради исполнување техничко-правни процедури за новиот објект, Македонската филхарминија на 25 октомври ќе ја почне сезоната 2017/2018 со концерт симболично насловен „Нов почеток“.
Тројца скопјани се уапсени под сомнение дека се инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во нивните домови е извршен претрес при што се пронајдени кесички и тегли со марихуана.
На пет локации во Скопје, во 10 часот денеска почна голема хуманитарна акција „Нахрани 1.000“, во која се собира храна за бездомни лица.
Со мирен марш и хуманитарна акција, Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Мрежата за рурален развој денеска во Ресен и Отешево ќе го одбележат 15 октомври, Меѓународниот ден на руралната жена.
Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела, беше неподелено мислењето на фановите на Тоше Проески кои денеска дојдоа од цела Македонија, но и од Балканот.