- Времена измена на сообраќајот утре се воведува на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид, од Пресека до Песочан.
Околу 60 отсто од земјоделците во Македонија сметаат дека треба да се менува начинот на распределба на субвенциите. Само три отсто од нив знаат што содржи Законот за земјоделство и рурален развој и како тој ја регулира нивната работа.
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени се 38 сообраќајни незгоди, од кои во четири тешко се повредени четири лица, во 19 со полесни повреди се здобиле 36 лица, а 15 сообраќајки поминале само со материјална штета.
Со сечење торта во форма на штипска пастрмајлија официјално заврши 11.издание на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“.
Градот Скопје денеска организира велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9:00 до 13:00 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.
Полицијата од Струга и Граничната полиција за надзор на Охридското Езеро вчера кај струшкото село Калишта откри и заплени речиси 30 килограми опојна дрога „марихуана“.
Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а ќе учествуваат над 2.280 градови од Европа.
Филмот „Насоки“, македонско-бугарската копродукција на авторот Стефан Командарев и неговиот соработник, кинематограферот Веселин Христов, ќе го отвори 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Неколку непознати лица синоќа во близина на кумановското село Черкези го каменувале меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград, соопшти денеска МВР.
Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина - симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.