Неколку непознати лица синоќа во близина на кумановското село Черкези го каменувале меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград, соопшти денеска МВР.

Од каменувањето нема повредени патници. Искршено е прозорско стакло од еден вагон, сопственост на железница на Република Србија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2017 14:17