Кај Македонски Брод пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.
Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините кои довеле до опожарување.
Народниот театар од Битола на годинашното 57. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе се претстави со премиерната изведба на нивната поставка на „Сон на летната ноќ“ на Шекспир, што ќе се игра на сцената „Долни Сарај“ вечер од 21 часот.
Двајца членови на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, Ристо Каркалашев и Петранка Никова го освоија врвот Дамаванд во Иран, висок 5.671 метар.
Што се однесува до вкупното производство, кое изнесува околу 6.000 тони, само пет проценти отпаѓаат на земјоделски претпријатија.
И покрај високите температури, планинари од Крива Паланка органзиираа акција за искачување на Царев Врв.
Град Скопје, УЕФА, нејзините партнери и ФФМ денеска почнаа со подготовките во неутралната фан зона на плоштад „Македонија“ во Скопје. Суперкупот ќе се игра меѓу двата најуспешни европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Фестивалот „Охридско лето“ својот 57-ми роденден ќе го прослави со музичко-сценски спектакл вечерва на Античкиот театар, неповторливиот мултимедијален мега проект „Вивалдијано“.
Во Скопје сити мол денеска ќе се одржува манифестацијата „Глобално село“ каде на штандови ќе бидат претставени традицијата - кујна, специјалитети, музика и култура од Турција, Романија, Русија, Украина, Кина и Шпанија.
Б.И.(52), жител на село Дреново, вчера на браната „Лисиче“ додека ловел риба со Ѓ.Ј.(58) видел тапа за ловење риба, скокнал во водата за да ја извади, по што потонал и не се појавил на површината.