Новиот мобилен оперативен систем на Apple, iOS 11, ќе биде објавен денес.
Фестивалот започнува на 20 септември, а ќе трае до 24 септември. Локацијата на одржување е новиот плоштад „Мајка Тереза“ кој се наоѓа пред Македонската Опера и Балет.
Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси од вкупно пријавените 367 филмови од цел свет.
Краткометражниот филм „Последните камбани“ ја освои првата награда за кратки филмови на 41. „Монтреал ворлд филм фестивал“, што се одржа од 24 август до 4 септември.
Започна снимањето на домашната серија „Инсајдер“, која ќе се прикажува на телевизијата „Телма“.
Детекцијата на лажни вести ќе ја извршува „Фејсбук“ заедно со своите партнери, а оние што ќе го нарушат ова правило ќе имаат можност за поправен испит, затоа што откако ќе се корегираат, ќе можат да се вратат во програмата за огласување.
Доколку се прашувате како некои мажи со толкава леснотија привлекуваат девојки, одговорот не се крие само во нивниот физички изглед, туку и во нивните карактеристики. Ова се седум типови мажи, на кои жените не можат да им одолеат.
За се што правиме, било каква работа или учење, клучна за успешноста е концентрацијата. Многу лесно можеме да ја загубиме, а тешко да ја вратиме. Некогаш ни литар кафе неможе да ни помогне во тоа.
Во „чистката“ влегоа сите апликации кои нудат „приватни и деловни трансакции со седиште во Иран“. Тука спаѓаат апликации за испорака на храна, заеднички транспорт и друго.
Со проекција на научнофантастичната драма „Намалување“ на Александер Пејн во која главната улога ја има Мет Дејмон, синоќа почна 74. Филмски фестивал во Венеција.