Во новиот филм на Квентин Тарантино, „Си беше еднаш во Холивуд“, Брус Дерн ќе го замени Берт Рејнолдс, кој почина на 6 септември.
Несудената претседалка на САД, Хилари Клинтон се појави во епизоди од обновената ТВ комедија „Марфи Браун", каде што се шегуваше за своите искуства со мејловите.
Американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) соопшти дека отпочнала истрага против автомобилската компанија „Тесла“ и нејзиниот директор Илон Маск поради измама.
Соосновачот на Ватс-Ап, Брајан Актон пред извесно време одлучи да го напушти „Фејсбук“, па сега за својот шеф Марк Закерберг, тој вели дека „не е лош човек, ама е дел од добар бизнис тим“.
Мајкрософт продолжува да се потпира на агресивна стратегија за промовирање на Виндоус 10 помеѓу корисниците.
Гугл не е само името на најпопуларниот пребарувач на Интернет, но исто така и компанија, чии атрактивни производи се користат секојдневно од милиони луѓе низ целиот свет. Без разлика дали станува збор за водечкиот оперативен систем за паметни телефони, за најдобрата услуга за навигација или најголемата видео платформа на интернет, од Гугл секогаш имаат соодветно решение.
Познатата американска актерка и пејачка Барбра Стрејсенд вели дека, пишувајќи ја својата нова песна со политичка порака, таа имала намера да биде суптилна кон претседателот Доналд Трамп, но, потоа „се тргнало жестоко“.
Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци.
Пејачката Кејти Пери и холивудската ѕвезда Орландо Блум првпат се појавија заедно во јавност, откако повторно се во врска, што секако, не го ни криеја веќе некое време.
Фестивалскиот ден на „Браќа Манаки“ денеска почна со претставување на кинематограферот на филмот „Фокстрот“, Ѓора Бејач. Филмот е прикажан во конкуренција за наградата „Златна камера 300“.