Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава.
Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019. во Баркли центарот во Њујорк.
Француските здравствени власти испратија предупредување пред божиќните празници од ризиците по детското здравје што ги носи играњето со еластичната смеса слајм. која е многу популарна кај децата и младите.
Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Гостивар“ денеска и утре ќе се одржи на Меѓународниот универзитет „Висион“ во Гостивар.
Европската комисиja oбjaви обновена листа за контрола на интернет страниците и списанија со седишта вон Европската Унија што објавуваат пиратски содржини.
Новиот филм со контроверзниот британски комичар Саша Барон Коен, под работен наслов „Судењето на чикашките седуммина“ е откажан, неофицијално – поради недостиг на финансии.
Имено, Ајша Амбани е американска универзитетска воспитаничка и ќерка на мултимилијардерскиот индустријалец Мукеш Амбани, кој се смета за најбогатиот човек во Индија. Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на над 43 милијарди долари.
Мечот на Лук Скајвокер од оригиналниот филм „Војна на ѕвездите“ е повлечен од наддавање во Лос Анџелес, по сомнежите на верните обожаватели дека се работи за фалсификат, соопшти аукциската куќа „Профајлс ин Хистори“.
„Епл“ ја разгледува можноста за преселување на производството на телефоните АјФон од Кина, ако увозните давачки на САД достигнат 25 отсто.
Инстаграм започна да тестира нова функција – специјални профили за „инфлуенсери“ и познати личности, наречена „Криејтр Акаунтс“ (Creator Accounts).