Иако Мајкрософт неодамна комплетно го редизајнираше изгледот на Скајп, компанијата планира повторно да го стори истото. Според публикацијата на официјалниот блог на Скајп, софтверскиот гигант планира новиот дизајн на апликацијата да биде во служба на едноставноста.
На 4 септември 1998 година се роди компанијата Гугл чие име секогаш се поврзува со експлозивниот раст на популарноста на Интернетот и начинот на кој глобалната мрежа ги промени нашите животи.
Во интервју за Си-Ен-Би-Си, шефот на мобилниот бизнис на Самсунг Ди Џеј Кох открива дека компанијата ќе го претстави својот прв смартфон со дисплеј на преклопување до крајот на годината.
Младиот кантавтор Том Одел на 13 февруари 2019 година доаѓа во Скопје, во рамките на неговата светска промотивна турнеја за вториот албум насловен „Jubilee Road“.
„Се крчка“ ново продолжение од легендарниот серијал комедии од 1980-те и 90-те, „Полициска академија“, и тоа би бил вкупно осми филм. Тоа на друштвените мрежи го навести глумецот Стив Гутенберг - главната ѕвезда во првите неколку делови од франшизата.
Станува збор за проект на Македонско научно друштво Битола, за кој сценариото го подготви Силвана Петрова Насух. Режисер на филмот е Миле Гроздановски, а сторијата за Валентин кој потекнува од уметничко семејство ја истражи и прва објави, битолскиот новинар Жанета Здравковска.
Младата австралиска Инстаграм манекенка Синејд Мекнамара која беше пронајдена без свест на суперјахтата на мексиканскиот бизнисмен Алберт Бајлерес вo Joнскoтo Moрe, најверојатно се самоубила, соопштија грчките власти.
Филмот за Нил Армстронг и мисијата Аполо 11 - „Првиот човек“, кого го глуми Рајан Гослинг, во САД е искритикуван како недоволно патриотски, оти во него не се прикажува како астронаутот го поставува американското знаме на Месечината.
Две македонски малцински копродукции, бугарско-македонската „Височините“ во режија на Виктор Божинов и албанско-италијанско-бугарско-македонската „Скршено“ во режија на Едмонд Будина, вечер и утревечер од 20 часот ќе бидат прикажани во Кинотека на Македонија.
Ние постојано слушаме и читаме дека треба да спиеме најмалку 8 часа дневно за да функционираме целосно и да бидеме оптимално продуктивни. Сепак, центарот за истражување на спиењето на Универзитетот во Лафбург, Англија, откри дека на жените им треба повеќе сон отколку на мажите.