Организаторот на Евровизија, Јуропиан Броудкастинг Јунион (ЕБУ) ги исфрли репортерите од кинеската Манго телевизија затоа што ги цензурирале настапите на ирскиот и албанскиот изведувач.
Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ …
ZUCCHERO е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други.
Според „Андроид полис“, официјалната промоција на паметниот телефон ќе се одржи на 21 мај, кога ќе се дознаат и повеќе информации за негово промовирање на европскиот пазар.
Прилеп станува збирно место за македонските алтернативни артисти.
Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Me too), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.
Најголемиот музички хепенинг, создаден за сите љубители на фестивалите, „Ентернет“, започнува на 29 мај и ќе трае до 2 јуни, а ќе се одржува во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Здравко Чолиќ објави спот за песна која ја посвети на својата сопруга, а во која за прв пат, не се појавува ниту една женска личност.
Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ вечерва во арената „Алтис“ во Лисабон настапија под реден број 11 на првата полуфинална вечер на 63. избор на песна на Евровизија 2018, на кој годинава учествуваат 43 земји.
Македонските претставници „Ај кју“ (Eye Cue) го имаа својот евровизиски настап со песната „Lost and found“, во арената „Алтис“ во Лисабон, на првата полуфинална вечер на 63-от Избор на песна на Евровизија.