Преку 350 видови вино од 40 македонски и винарии од регионот, Италија, Франција,…, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017“ што ќе се одржува денеска и утре во хотелот „Мериот“.
Во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) вечер, со почеток од 20 часот, во новата зграда на Македонската филхармонија ќе се одржи голем добротворен концерт на американска музика во изведба на Биг бендот на МТВ.
Биткоинот првпат забележа вредност од преку 10.000 долари во Азија, а 12 часа подоцна достигна вредност од дури 11.000 долари.
Десетина настани со учество на пвоеќе од 60 артисти ќе понуди деветнаесетото издание на музичкиот фестивал Таксират што во партнерство со Десонанц фестивалот ќе се одржи од утре до 9 декември во Младинскиот културен центар.
Преку 350 видови вино од 40 македонски и винарии од регионот, Италија, Франција,…, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017“ што ќе се одржува на 1 и 2-ри декември во хотелот „Мериот“.
Групата „Синтезис“ денеска ќе промовира нов албум „Остров“ како и монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“ во клуб-ресторанот во МКЦ.
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ официјално беше затворен вчеравечер, но од денеска продолжува со целодневен филмски маратон (СинеМаратон) до 29 ноември во Џебното кино на Младинскиот културен центар.
- Сакав да направам филм кој зборува за рушењето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество, особено здравството. Таму ни е најголемата шанса за помош, а ние сега ја немаме таа шанса. Тоа ми беше најголемата мака, рече Ставрески.
„Срце од камен“ – исландско-данска копродукција на режисерот Гудмундур Амар Гудмундсон е најдобар филм на 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“, беше соопштено на синоќешното затворање на фестивалот во кино „Милениум“.
Во винарницата „Тиквеш“ денеска ќе се одржи Фестивалот на младо вино на кој, традиционално, се отвораат бочвите и прв пат се дегустира младото вино од бербата 2017 година.