Мис Аргентина и Мис Порторико стапија в брак. Аргентината Маријана Варела ја откри веста на Инстаграм со низа фотографии, а нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“, што се случил на 28 октомври. Истата објава ја сподели и Фабиола Валентин на својот Инстаграм-профил
Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина
Во Париз почна да кружи мртовечко возило што го придвижува велосипед. Целта е да се намали загадувањето, а новото возило нуди и дискретна замена за традиционалните погребни возила – со помал шум, објави денеска интернет-страницата „Париз сикрет“
Новак Ѓоковиќ повторно е хит на интернет откако се појави видео од него во Париз, како го прекинува трчањето во парк, за да ѝ помогне на жена која се мачи со своите куфери
Германка која страда од арахнофобија, исплашена побарала помош од полицијата во Баден-Виртемберг
Легендарната слаткарница „Лебон“, којашто се наоѓа во центарот на Истанбул, Турција, ги затвора вратите поради превисока кирија
Маркус Флојд, уметник од Кентаки (САД), работи на развој на патики за коњи, како дел од соработката со „Визитлекс“ – туристичка агенција од Лексингтон
Војвотката од Велс, Кетрин – Кејт Мидлтон сподели трогателна порака до луѓето кои се борат со алкохолизам, нудејќи им ја својата поддршка
Британската компанија „Идн’с гејт“ спроведе истражување со највозрасните луѓе во светот во обид да се открие што им помогнало да живеат така долго.
Таа го напуштила својот дом во Париз во 1942 година, во екот на Втората светска војна и побегнала на југот на Франција. Иако плаќала ќирија до крајот на животот, таа никогаш не се вратила во станот, а живеалиштето потоа останало затворено околу 70 години.