Турскиот суд издал дозвола за развод на брачна двојка од Анкара поради лошата хигиена на сопругот и тој на својата сопруга треба да и плати отштета во износ од 500.000 турски лири (16.475 долари), пренесува „Хуриет дејли њуз“.
Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, се наведува на веб-страницата на магазинот Форбс.
Информацијата дека Саудиска Арабија ќе ја дозволи својата прва продавница за алкохол ги натера граѓаните и странците да размислуваат за едно прашање: дали е ова мала промена во политиката или голем пресврт?
Јапонската влада одлучи да ги искористи парите на даночните обврзници за Tapple, апликација за запознавање што спојува луѓе со слични хоби и интереси.
Пред десет илјади години, тинејџери во денешна Шведска џвакале и плукале парчиња смола од бреза, на ист начин како што современите деца може да ја залепат користената гума за џвакање на долната страна од училишната маса.
Според Бошамп тогаш „почнал хаосот“, бидејќи четботот почнал да пцуе, да се нарекува бескорисен и да ја критикува компанијата.
Од вселенскиот центар „Кенеди“ на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) на Кејп Канаверал на Флорида минатата ноќ беше лансирана првата паневропска комерцијална вселенска мисија кон Меѓународната вселенска станица (МВС).
Фондацијата Профето, што ја основа тој, од 2021 година добила 14 милиони евра од Фондот за жртви на криминал на претходниот министер за правда Збигњев Жобра, а по поразот на изборите итно бил потпишан анекс за нови донации од неколку милиони евра - вкупно над 23 милиони евра.
Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат.
Најголемата санта мраз во светот А23а се оддалечува од Антарктикот и полека се топи. Таа веројатно ги брои последните месеци од своето постоење поради ерозијата.