Американските цариници спречиле жена од Ајова која се обидела да внесе измет од жирафа во САД, со својот багаж. Таа сакала да си направи накит од својот „сувенир“ што го зела на пат во Кенија
Колекција од 20 рачни часовници од брендот „Своч“ (Swatch) коишто биле во сопственост на глумецот Роџер Мур, со врежан натпис „007“, беа продадени на аукција за речиси 93.000 американски долари.
Нобеловецот Мунги Бавенди сведочи дека како студент на факултет паднал на првиот испит по Хемија и оти тоа искуство за малку ќе му ја „уништело“ натамошната научна дејност, како и него самиот.
Студијата за предвремено породување ја објавија авторите на Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.
Десетици илјади луѓе ги загубија животите во земјотресот во јужната турска провинција Хатај на 6 февруари 2023 година. Багерите продолжуваат да уриваат уништени згради, преместуваат планини од преостанатиот шут, кревајќи големи облаци од прашина.
Тој рече дека собираат податоци за идните генерации. „Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар.
Испитувањата на плочките од Древен Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагоровата теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар.
Ископувањата почнаа 2019 година, кога истражувачите почнаа да работат на стабилизирање на подструктурата за да се обезбеди истражување без опасности. Се чини, овојпат тимот конечно успеа да дојде до погребните одаи на фараонот.
Најтоплиот септември на глобално ниво дојде оваа година по летото со рекордно високи температури, објави Коперникус.
Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои се многу изложени на опасни поплави, особено во Кина, предупредува студијата објавена синоќа, објавена од економист од Светска банка.