Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека невработените украински бегалци мора да бидат охрабрени да се вработат или да се вратат во својата матична земја, јави ДПА.
Четириесет и осум илјади членови на семејства на руски војници предале свои ДНК примероци, соопшти заменичката министер за одбрана на состанокот на крајот на ноември на тема за идентификација на војниците по нивните останки, беше објавено денеска.
Според Кошта, социјалниот дијалог е неодминливи и при напорите за постигнување климатска неутралност или за зацврстување на глобалната позиција на ЕУ, преку градење на мрежа на партнерства со сите засегнати страни.
Дури и неговата „Партија на народната сила“ се дистанцираше од одлуката за воведување воена состојба.
Мексиканските војници заплениле повеќе од еден тон таблетки фентанил во две рации во северната држава Синалоа, а властите тоа го нарекоа најголема заплена на тој опиоид во историјата на земјата.
Полицијата во Тбилиси го уапсила лидерот на една од четирите главни опозициски партии во Грузија, Ника Гварамија, откако претходно бил претепан и онесвестен, соопшти денеска неговата партија.
Претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле на собир пред граѓаните го повтори тврдењето дека оваа централноамериканска држава поседува огромни резерви на злато, што претставува неискористен потенцијал.
Германските вооружени сили минатата година отпуштиле 62 војници поради активности и изјави поврзани со екстремната десница, соопштија денеска официјални лица, пренесува Анадолија.
Данскиот Парламент усвои закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави.