Јун, во своето телевизиско обраќање, вети дека ќе ги „искорени про-севернокорејските сили и ќе го заштити уставниот демократски поредок“.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска испрати остра порака до НАТО, нагласувајќи дека Киев нема да прифати никакви други безбедносни гаранции освен полноправно членство во Алијансара.
Шефицата на пратеничката група на Зелените во германскиот парламент Катарина Дреге изрази оптимизам дека може да се донесе закон со кој ќе се легализира абортусот во првите три месеци од бременоста, јави ДПА.
Бројот на егзекуции во Саудиска Арабија во 2024 година надмина 300, покажуваат денеска ажурираните податоци на саудиското Министерство за внатрешни работи.
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска прогласи вонредна состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.
Јужна Африка ќе го искористи своето претседавање со Г20 за да ги стави приоритетите на „запоставениот континент“ на агендата на моќниот економски форум, изјави денеска претседателот Сирил Рамафоса.
Авионите и ресурсите под директна контрола на рускиот претседател Владимир Путин се користеле во програмата за одземање деца од окупираните украински територии, се наведува во извештајот на Школата за јавно здравје при Универзитетот Јејл, објавен денеска.
Непозната болест во ноември предизвика смрт кај 143 лица во југозападната Демократска Република Конго, изјавија локалните власти за британските медиуми.
Кина забрани извоз на низа суровини и производи со цивилна и воена намена кон САД, се наведува во денешното официјално соопштение, јави ДПА.
Уставниот суд на Грузија денеска го отфрли барањето за поништување на парламентарните избори одржани на крајот на октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година.