Началникот на литванската полиција денеска изјави на прес конференција дека не може да се исклучи терористички напад како причина поради која товарен авион се урна рано утрото во близина на аеродромот во Вилнус.
Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија - Вилнус, се урна во близина на куќа, изјави градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас.
„Би сакал да ги потсетам сите дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен.
Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.
Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА.
Средбата ќе трае два дена и тоа е последната од министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 за оваа година, во која Италија е ротирачки претседавач со Г7.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети, дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да го повлече својот став.
Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал.
Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4.000 до крајот на 2027 година.
Авион „Сухој Суперџет“ 100-95ЛР на руската компанија „Азимут“ се запали при слетување на аеродромот во Анталија.