Генералното обвинителство на Литванија денеска соопшти за апсење на двајца шпански државјани осомничени дека планирале напад во државата.
На прес конференција по средбата со Си на маргините на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро, Шолц рече: „Го споменав распоредувањето на севернокорејските војници во руската војна против Украина, според мене ова е натамошна ескалација“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нуди награда од 5 милиони долари на секој што ќе ослободи заложник во Газа.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се очекува да го номинира Хауард Латник за секретар за трговија, јавуваат дел од американските медиуми.
Руската инвазија врз Украина предизвика еколошка штета од 71 милијарда долари и доведе до пораст на емисиите на стакленички гасови, објави украинската влада на самитот КОП29 во Баку.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека постигнал договор со Украина за преглед на програмата за заем што го отвора патот за дополнителни 1,1 милијарда долари.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека Рим ја продолжи контролата на своите внатрешенгенски граници со Словенија до јуни следната година.
Комитетот на министри на Советот на Европа усвои декларација, со која се одбележуваат 1.000 дена од почетокот на руската агресија врз Украина.
Клучните европски земји можеби ќе треба да ги удвојат трошоците за одбрана за да одговорат на предизвиците на руската агресија во Украина, како и можното намалување на поддршката на САД по изборот на претседателот Доналд Трамп, пишува Блумберг.
-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.