Доколку СAД и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија.
Кинеските власти денеска повторно повикаа на мир во Украина, на која САД и одобри да користи ракети со долг дострел за напад на Русија.
Тој истакна дека „новата реалност“ е создадена со победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на претседателските избори во земјата, со оценка дека гласачите „одлучиле да ги поддржат патриотските сили кои се залагаат за мир“.
Министрите за одбрана на Филипините и на САД денеска во Манила потпишаа договор за размена на военоразузнавачки податоци и технологија за да се спротивстави на влијанието на Кина во регионот на Пацификот.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека побарал голем број високи владини функционери да поднесат оставка.
Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат мерењата спроведени од компанијата IQAir.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трaмп, го номинираше Брендaн Кар за раководител на Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), регулатор за радио и ТВ емитување, телекомуникации, широкопојасен интернет и други поврзани индустрии.
Џо Вајнгартен и Јоханес Арлт се првите пратеници од германската Социјалдемократска партија кои јавно го поддржаа Писториус, кој е значително попопуларен од Шолц во анкетите, да се кандидира за канцелар.
Рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир“ со Украина и „не е подготвен да преговара за тоа“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по големиот руски напад врз енергетската мрежа на Украина.