Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирусот за да ги олесни меѓународните патувања за своите граѓани кои веќе ја примиле вакцината, пренесе Гардијан
Началникот на израелскиот Генералштаб, генерал Авив Кохави, ја предупреди администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден да не се враќа во иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, дури и доколку ги заостри своите услови, и додаде дека на своите воени сили им наредил да почнат со подготовки за можна офанзивна акција против Иран во текот на следната година
Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ следната недела треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирус, пренесува Си-Ен-Би-Ес.
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти, а овие тврдења, сепак, не се поддржани од науката во земјата
Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ќе ги почне консултациите со лидерите на политичките партии за надминување на политичката криза во земјата, откако премиерот Џузепе Конте вчера поднесе оставка
Мнозинство од републиканците во Сенатот се против отповикување на Доналд Трамп
Белата куќа соопшти дека во првиот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, претседателот на САД, Џо Бајден, изразил загриженост околу ситуацијата со Навални и укажал дека САД одлучно ќе ги заштитуваат своите интереси
Американскиот претседател Џо Бајден смета дека проектот Северен поток 2 е лош договор за Европа, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки
Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на Бајден одржаа телефонски разговор.
Во Велика Британија бројот на починати од последиви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата надминаа 100.000 и сега изнесуа100.062 жртви, покажуваат најновите податоци.