Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас денеска рече дека Брисел поднел листа на Грузијци за санкционирање поради задушувањето на прозападните демонстранти, но Унгарија ги блокира мерките.
Турција не учествуваше во операцијата на вооружената опозиција во Сирија што доведе до пад на режимот на Башар ал Асад, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Иран денеска ги затвори владините канцеларии и ја префрли наставата преку Интернет поради ниските температури и големиот недостиг на гас.
Министрите, исто така, ќе разменат мислења за начините за вклучување на ЕУ во секој иден мировен процес за Украина и за поддршка и интегрирање на украинската одбранбена индустриска база со европската.
Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека има намера да остане ангажиран во партиската политика кога ќе ја напушти функцијата на 20 јануари и очекува потпретседателката Камала Харис да остане централна фигура во иднината на партијата.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе се соочи со Парламентот за да го поттикне процесот кон изборите на 23 февруари, со надеж дека ќе може да се надмине политичката криза и да освои втор мандат.
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе се сретнат во Брисел, а на агендата на нивниот состанок се додадени најновите случувања во Сирија и Грузија, заедно со војните во Украина и на Блискиот Исток, како и политичката ситуација во Белорусија, јави ДПА.
Дезинформациите на интернет, влијанието на социјалните мрежи врз изборите во Европската унија и контролата врз главните социјални платформи како „ТикТок“ и „Х“ ќе бидат во фокусот на европратениците оваа недела.
- Само со интегрирање на овој регион во нашето семејство на ЕУ можеме да обезбедиме стабилност и просперитет на нашиот континент, се вели во писмото.
Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Украина ќе мора да направи територијални отстапки за да постигне мир, нагласувајќи дека тоа е „заедничка, реална“ позиција во Европа.