Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Русија планира да влијае на парламентарните избори во Молдавија во 2025 година, изјави директорот на молдавската безбедносна разузнавачка служба (СИС) Александру Мустеата.
Папата Франциск денеска ја осуди „маргинализацијата“ на болните за време на неговата посета на италијанското здружение за борба против леукемија, лимфом и миелом (АИЛ).
Европската унија денеска повика на брзо решение на политичката криза во Јужна Кореја, откако пратениците во Сеул гласаа за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол.
Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА.
Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени откако експлозивна направа била фрлена меѓу поеститетлите на фестивал во Тајланд, јави денеска Би-Би-Си.
Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили денеска е избран за нов претседател на Грузија. Кавелашвили лесно ги доби гласовите бидејќи владејачката партија Грузиски сон го контролира 300-члениот изборен колеџ што ги замени директните претседателски избори во 2017 година.
Курдската милиција во Сирија, поддржана од САД, мора или самата да се распушти себеси или ќе биде распуштена и разоружана, предупреди турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Јун Сук-Jеол изјави дека ќе се бори до последен момент за задржување на претседателската функција, јави Јонхап.
Командантот на украинските сили во Доњецк, генерал Олександр Луценко, е разрешен поради неколку значајни порази, објавија украинските медиуми. Според порталот „Украинска правда“, на негово место ќе дојде генерал Олександер Тарнавски, јави ДПА.