На руските лобисти им е забранет пристап до Европскиот парламент, соопшти денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница.
Нафтената алијанса ОПЕК+ денеска се согласи да ја зголеми месечната квота за зголемување на производството за околу 50 отсто, исполнувајќи ги неколкумесечните барања на големи потрошувачи, како што се САД, за поддршка напорите за ублажување на високите цени на енергијата.
Американскиот амбасадор во Варшава, Марек Бжежински најави дека САД во следните десет години ќе изградат повеќе од 110 воени објекти во Полска.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас најави дека Обединетото Кралство ќе испрати ракетни системи во Украина.
При пожар во дом за лица со Алцхајмерова болест во близина на Прага, загинаа две лица, а над 50 се повредени, соопшти чешката Брза помош.
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) денеска ја избра Доминик Прадали од Франција за нова претседателка на ИФЈ, на 31-от Конгрес на организацијата што се одржува во Мускат, Оман
Еден од главните полициски синдикати, СГП Полис, бара од префектот на полицијата во Париз, Дидие Лалемент, да „преземе одговорност“ за фијаското во саботата на Стад де Франс на финалето на Лигата на шампионите
По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, Италија дене ска со воена поворка во главниот град повторно ја прослави годишнината од основањето на републиката
Руските сили во источна Украина се обидуваат да навлезат на југ и да ги окупираат Краматорск и Славјанск, клучните градови во Доњецк, изјави денеска гувернерот на регионот, Павло Кириленко