Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина
Во близина на јужниот ирански остров Киш денеска се регистрирани три земјотреси кои го потресоа Дубаи и други делови од Персискиот залив
Швајцарскиот воздушен простор е повторно отворен за сообраќај, соопшти Службата за контрола на летање „Скајгајд“
Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до дополнително известување“, поради дефект на компјутерска опрема, соопшти утринава Службата за контрола на летање „Скајгајд“
Руската инвазија на Украина влијаеше и на промената на патиштата за криумчарење дрога во Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија
Германскиот Врховен суд одлучи дека средновековен каменорез со антисемитски особености, може да остане кај црквата во градот Витенберг, отфрлајќи ја постапката на тужителот од еврејско потекло, кој со години тврди дека тој приказ ги навредува сите Евреи
Русија ги повика Украинците да престанат да пружаат „бесмислен отпор“ во Северодоњецк и предложи денеска хуманитарен коридор за евакуација на цивилите, но апелот не доби одговор од Киев
Извршниот директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност, Патрик Кај е многу загрижен за сигурноста на авионите од западно производство, што продолжуваат да летаат во Русија без пристап до резервни делови и правилно одржување
Владите на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат
Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира во амазонските шуми