Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, утрово се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за разговори околу руско-украинскиот конфликт, пред да замине за Полска
Европска Унија денеска достави одговор на прашањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за европската безбедност
Унгарија нема да прифати дополнителни војници на НАТО на своја територија, како дел од маневрите на Алијансата во врска со ситуацијата во Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за Евроњуз
Британскиот министер за одбрана, Бен Вoлас изјави дека Русија планира наскоро да започне со нуклеарни стратешки вежби, па предупреди дека активностите на Кремљ, одат во погрешен правец и покрај напорите за дипломатско решение
Велика Британија денеска ја предупреди Москва дека евентуална инвазија врз Украина ќе биде погубна за Русија, Украина и Европа и оти ќе предизвика огромни трошоци
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди распоредувањето руски војници во близина на границите на Украина како средство за „психолошки притисок“, на денот на започнувањето на заедничките руско-белоруски воени вежби на територијата на Белорусија
Одморалиште во Општината Кремс во Австрија предизвика бурни реакции во јавноста поради името. Имено, сопственикот го нарекол пансионот – „Анти-хомо куќа“ и преку страницата порачува дека „не сака да има никаква врска со хомосексуалноста, педофилијата и родовата идеологија“
Новинарите кои известуваат за Пентагон и американската војска изразија незадоволство до американската Влада бидејќи не им е одобрен пристап до трупите од околу 3.000 американски војници, распоредени во Европа
Поранешниот словачки политичар и дипломат Едуард Кукан почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска портпаролката на Универзитетот Комениус во Братислава, Ленка Милер, јавуваат словачките медиуми
Префектот на полицијата на Париз, изутринава соопшти дека ќе ги забрани „конвоите за слобода” во Париз, инспирирани од движењето започнато во Канада во знак на протест против здравствените ограничувања, кои планираа да го „блокираат главниот град” од утре и потоа да заминат за Брисел