Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета
Полицијата во Отава соопшти дека вчера уапсила 47 лица и одвлекла околу 30 возила за да ги спречи камионџиите кои протестираа против мерките воведени за борба против коронавирусот
Најмалку осум војници и 57 „терористи“ загинаа во судирите во базата на бунтовниците во северниот дел на Мали, каде дејствуваат ривалските џихадистички групи, вклучително и таканаречената Исламска држава, соопшти денеска армијата на Мали.
Двајца украински војници загинале во денешните насилства на линијата на фронтот со проруските бунтовници во источниот дел на земјата, соопшти украинската армија.
Полицијата со употреба на сила денеска ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот на протестот пред Парламентот.
Европската унија денеска соопшти дека ќе ја координира испораката на хуманитарна помош во Украина, особено медицински материјали и заштитна опрема по воздушен пат, по барање на Киев.
Тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Северна Македонија – 2023).
Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија да ги намали тензиите околу Украина и соопштија дека не гледаат докази дека Москва ги намалува воените активности во близина на украинската граница.
Германија и Франција денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради влошувањето на ситуацијата во источниот дел на земјата, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи средба со неговиот руски колега Владимир Путин, во време на растечки страв од руска инвазија врз Украина.