Полицијата во Дубаи заплени половина тон чист кокаин, што вреди 136 милиони долари на нарко пазарот, објави канцеларијата за медиуми во Дубаи.
Папата Франциск денеска отвори двогодишни глобални консултации што може да го промени начинот на кој Римокатоличката црква донесува одлуки и чие влијание може да се чувствува долго по завршувањето на неговиот понтификат.
Според Шафикула Салим Поја, кој е член на менаџментот на спортскиот канал, „од неодамна, кога репортерите одат да известуваат од настан, тие неизбежно се соочуваат со ограничувања”. Сега сите вработени во телевизијата останаа без работа
Тој потсети и на поддршката за Србија поради неодамнешната ситуација на административниот премин Јариње и дека Русија ќе прифати какво било решение „што ќе одговара на Србија и српскиот народ“.
Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи предвидува дека бројот на смртни случаи од ковид ќе започне да опаѓа оваа зима, по зголемениот број случаи во САД поради појавата на делта варијантата.
Човештвото мина околу 60 отсто од патот на борбата против коронавирусот, но неочекувани пречки се уште може да се појават, вели Сума Сваминатан, главен истражувач во Светската здравствена организација, во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагс Блик“.
Централната изборна комисија во Ирак на својата веб -страница објави дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори заврши.
Тајван нема да потклекне пред притисокот од Кина и ќе го брани својот демократски начин на живот, рече претседателката Цаи Инг-вен во пркосен говор во услови на зголемени тензии околу островот.
Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 12 лица, вклучително и водачи на екстремно десничарската партија Форца Нуова, по вчерашните немири во Рим поради владината мерка со која здравствената зелена пропусница ќе биде задолжителна за сите работници.
Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма Ова следеше по серијата земјотреси што ја потресоа земјата, три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт