Два дена по изборите и историскиот пораз на Христијанско – демократската унија ЦДУ/ЦСУ, расте притисокот во партијата врз главниот кандидат и претседател на ЦДУ, Армин Лашет, да се откаже од амбициите за формирање влада, а се погласни се и оние што бараат негова оставка
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека Норвешка од вчера е преселена во категоријата земји со најголем ризик за патување
Силен ураган се приближува кон областите во јужниот дел на Иран. Се очекува ветрови и големо невреме да го погодат иранскиот брег од Макран на пакистанската граница до Ормутскиот теснец од 30 септември до 4 октомври, соопшти Службата за безбедност на пристаништата и поморската организација на Иран
Цената на гасот во Европа денеска, првпат во историјата, се искачи на илјада долари за илјада кубни метри гас
Русија е загрижена поради зголемената тензија во Косово, предизвикана од неодговорните постапки на Приштина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова
Амбасадорот на Украина беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија во врска со постапките на Киев во однос на договорот што Будимпешта го склучи со руската државна корпорација „Газпром“.
Амбасадорот на Франција во САД, утре ќе се врати во Вашингтон со јасен мандат за обнова на односите и за да се изгради нова врска. На средината на октомври повторно ќе разговарам со претседателот Бајден за да ги појасниме нашите намери, рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за подморниците и француско-американските односи
Фејсбук, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект што е замислен како најдолгиот подокеански кабел во светот
Министерот за здравство на Белгија, Франк Ванденбрук, изјави дека сака до крајот на оваа година да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници
Високи американски сенатори повикуваат на „целосна одговорност“ во врска со спорот за фалсификувани податоци на Светска банка (СБ), во кој е вклучена Кристалина Георгиева, директор на Меѓународниот монетарен фонд