Американскиот претседател Џо Бајден го избра Марк Брезински за амбасадор на САД во Полска, држава која се смета за клучно западно упориште против Русија, пишува „Ерусалим Пост“
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека на ранливите групи и повозрасните луѓе најверојатно ќе им треба трета доза на вакцина против Ковид-19, со што Париз и Берлин не се откажуваат од довакцинација и покрај предупредувањето од Светската здравствена организација
Се очекува разговорите меѓу владата на Венецуела и опозицијата за политичката криза во земјата да започнат на 13 август во Мексико
Овој јули беше најтопол во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година, соопштија научниците од ЕУ
Бил Гејтс призна дека направил огромна грешка со тоа што се дружел со Џефри Епстин…
Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, денеска изјави дека Донбас „никогаш нема да биде руска територија“ и им порача на оние што ја сакаат Русија и сакаат оваа област да стане дел од неа „да бараат место за себе во Русија“
Либанскиот претседател, Мишел Аун, денеска изјави дека синоќешните израелски воздушни напади , први од 2006 година, го покажаа засилувањето на агресивните намери на Тел Авив кон неговата земја
Властите во Канбера денеска соопштија дека ќе понудат надомест на штета во висина од вкупно 82.000 австралиски долари (51.000 евра) на членовите на домородното население, кои биле присилно земени од нивните семејства како деца и предадени на нови бели семејства
Русија ги блокираше сајтовите на два медиуми и една група за заштита на човековите права поврзани со протераниот критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски, додека властите го засилуваат притисокот врз опозицијата пред парламентарните избори
Велика Британија го укинува карантинот за целосно вакцинираните патници кои се враќаат од Франција во Англија и Шкотска, потег што Париз веднаш го поздрави