Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на разговорите Зеленски-Трамп во саботата во Елисејската палата.
Германско-руски државјанин е уапсен од руската полиција поради наводна подготовка за „саботажа“ на железничка линија по наредба од Киев, соопштија денеска од руското ФСБ.
Од почетокот на војната, на 7 октомври 2023 година, бројот на убиени палестински новинари е најмалку 138, што ја прави оваа територија „една од најопасните во историјата на модерното новинарство, по Ирак, Филипини и Мексико“, според на ИФЈ со седиште во Брисел.
Били Фусто не бара голема плата: студира архивар и не сака ништо повеќе од „мирен живот“ дома во Италија. Но, како и десетици илјади други млади дипломирани студенти во земјата, 24-годишникот стравува дека нема друг избор освен да емигрира.
Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му дал азил на Асад.
Сириските бунтовници го соборија од власт претседателот Башар ал Асад, помалку од две недели по молскавична офанзива која стави крај на децениското владеење на неговото семејство.
Њујоршката полиција го уапси Луиџи Манџоне (26) во Алтуна, Пенсилванија, осомничен за убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелт“, Брајан Томпсон во Њујорк, изјави комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш.
Поранешниот шеф на Европската централна банка и италијанската влада, Марио Драги, предупреди дека постои лидерски вакуум во Европа, што произлегува од ослабеното лидерство во Франција и Германија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск на имотот на Трамп Мар а Лаго во Флорида.
Сириските бунтовници ќе објават список на највисоките претставници на режимот на Башар ал Асад вклучени во тортура против народот. Тоа го соопшти лидерот на бунтовниците Ахмед ал Шарех, чиј воен прекар е Абу Мохамед Ал Џаулани.